Кевин Брејси Дејвис е нов кошаркар на Пелистер откако „зелено-белите“ лотпишаа едногодишен договор со ова американско засилување. „Пелистерци“ се активираат сериозно на пазарот со ангажман на квалитетни кошаркари кои ќе ги бранат боите на овој клуб не само во домашното првенство, туку и во европските натпреварувања во кои битолчани ќе дебитираат оваа сезона.
Брејси-Дејвис е крилен кошаркар висок 201 сантиметари, Брејси Дејвис има 30 години и богато искуство во најразлични држави во Европа (Германија, Франција, Финска, Грција), пред една сезона тој беше меѓу најзаслужните за титулата на Трепча во шампионатот на Косово, а лани со голем успех настапуваше и во Израел, каде имаше просек од 18,3 поени, 4,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.
Брејси Дејвис е третото странско засилување за КК Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ и Остин Прајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

