Кошаркарите на Пелистер се решени да ја оправдаат фаворитската улога на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш, идеална можност за битолчани да се вратат на победнички патеки.
Дуелот се игра со почеток во 17 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци, арена каде што Пелистер во последните четири средби се враќаше со победа назад во Битола. Сепак, падот во формата и поразите од ТФТ и од Гостивар во претходните две кола се причина за претпазливост во таборот на „пелистерци“, кои се свесни дека ќе мора да го кренат нивото на игра доколку сакаат да стигнат до победата.
„Нема да ни биде лесно бидејќи играме против квалитетен противник. Одбраната беше нашиот проблем на претходните средби, мораме да бидеме фокусирани и далеку подобро да реагираме при дефанзивните ротации кога противникот ја има топката во свој посед. Ако го надминеме тоа и бидеме на висина на задачата, верувам дека ќе се радуваме на крајот“, истакна Кевин Брејси-Дејвис, американскиот крилен центар во таборот на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

