Глеисон Бремер вчера и официјално го стави својот потпис на новиот договор со Јувентус, откако бразилскиот интернационалец одби неколку европски гиганти кои се обидуваа да го доведат во своите редови во овој преоден рок.
Бремер дојде во Јуве од редовите на градскиот ривал Торино и експресно се наметна како командант на одбраната на „црно-белите“. Тој не криеше дека се чувствува одлично во Италија што беше и главна причина да ги одбие понудите од Премиер-лигата.
„Знам дека ме бараа и други клубови, големи клубови. Сепак, јас веќе играм за европски гигант, го чувствувам Јуве за таков клуб и затоа не размислував премногу. Новиот договор е потпишан до 2029 година затоа што верувам во овој проект и сакам да останам уште долго. Тијаго Мота беше значаен фактор, тој е многу амбициозен тренер и убеден сум дека заедно ќе оствариме многу фантастични работи“, изјави Бремер по вчерашниот потпис на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА