Стоперот на Јувентус, Глејсон Бремер за прв пат се огласи на социјалните мрежи по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото на левата нога на натпреварот против Лајпциг во Лигата на Шампионите.
Бразилецот испрати емотивна порака заблагодарувајќи им се на сите за големата поддршка.
„Ова е прв чекор кон моето враќање! Им благодарам на сите за пораките, како и за поддршката која ја добив во последните денови – тоа е нешто фантастично“, стои во објавата на Бремер.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА