Тијаго Мота беше жестоко критикуван за слабите игри и резултати на Јувентус, младиот стратег на крајот доби и отказ од „црно-белите“ од Торино, а еден од ретките што му даде поддршка на овој стручњак е дефанзивецот Бремер.
Бразилецот веќе подолго време е повреден, а токму неговото отсуство остави силна трага врз одбраната на „старата дама“. Бремер смета дека Мота имал се што е потребно за да успее во Јувентус, изразувајќи жалење што овој стратег повеќе не е на кормилото на најтрофејниот италијански клуб.
„Искрено жалам за Тијаго Мота, тој беше одличен тренер според мене. Верувам дека можеше да направи големи работи со Јувентус, за жал работите отидоа во поинаков правец, што е многу тажно. Ова не е добра сезона за Јувентус, имавме големи проблеми со повреди, вклучувајќи ме тука и мене и Кабрал. Ова се тешки месеци, но почнав да напредувам со рехабилитацијата. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Јуве“, истакна Бремер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА