Тренерот на тимот на Селтик, Брендан Роџерс се најде на удар на јавноста по изјавата што ја даде на репортерот на шкотскиот „Би-Би-Си“. Менаџерот на тимот од Глазгов на крајот од интервјуто и кажа на репортерката „добра девојка“, што наиде на обвинувања од јавноста, а организацијата „Fro Women Scotland“ го обвини Роџерс за „лажен сексизам“.
На Роџерс не му одговараше прашањето на новинарката да објасни каква е трката за титулата.
Кога му го поставиле тоа прашање, Роџерс одговорил со незадоволство
„Не, не, знаеш точно на што мислам“.
Кога репортерката повторно го поставила истото прашање, Роџерс го завршил интервјуто и рекол.
„Готово, добра девојка, браво“.
Новинарката Џејн Луис беше згрозена по оваа изјава на тренерот на Селтик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

