Брендан Роџерс си замина од Лестер

Брендан Роџерс од денеска повеќе не е тренер на Лестер, откако поранешниот стратег на Ливерпул спогодбено го раскина договорот со „лисиците“. Причината е и повеќе од јасна, слабата форма во која се наоѓа Лестер од стартот на сезонава, поради која овој наместо за излез во Европа го очекува битка за опстанок.

Лестер по вчерашниот пораз со гол во судиското продолжение од Кристал Палас падна на 18. место на табелата, пласман што носи во понизок ранг на натпреварување. Управата денеска одржа кризен состанок со Роџерс, на кој беше одлучено дека е најдобро да дојде до разделба, по што беше потпишан и спогодбен прекин на соработката.

„Донесена е одлука да се разделиме од Брендан Роџерс по четири години минати со овој стратег. Целта пред завршните десет рунди е јасна, да се обединиме заедно, да покажеме квалитет и борба и да обезбедиме опстанок“, се вели во соопштението на Лестер.

Се вчитува...