Брендон Пен од денеска и официјално е член на Блокотеха откако американскиот кошаркар пристигна во Гевгелија и почна со тренинзи со тимот на Марјан Илиевски. Крилниот играч пред неколку сезони со голем успех го носеше дресот на Кожув, а сега ќе биде големо засилување за Блокотехна, тим што во моментов се наоѓа на првото место на табелата во елитното друштво.
„Среќен сум што се враќам назад во Гевгелија, градот е воглавно ист, а и во тимот на Блокотехна има голем дел од играчите со кои настапував заедно во Кожув и кои добро ги познавам. Знам дека тимот игра добра кошарка и моја цел е да се продолжи во ист ритам, јас да помогнам играта да се крене на повисоко ниво, а низата од победи да продолжи, заедно со борбата за висок пласман и во домашното првенство и во БИБЛ-лигата“ – изјави Брендон Пен.
Тој својот камбек во македонското првенство ќе го има на градското дерби меѓу Кожув и Блокотехна што е на програмата наредниот викенд, а претходно ќе дебитира за Блокотехна на мечот од БИБЛ-лигата против Академик Бултекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА