Брендон Роџерс го одбива Њукалс и ќе го чека Манчестер Сити?

Со превземањето на Њукасл од страна на богатиот саудиски шеик Мухамед бин Салман започнува и нова ера во фудбалот на „Островот“. Клубот кој по враќањето во Премиерлигата повеќе се мачеше да опстане отколку што правеше успех се очекува од следната сезона да има конкурентен состав, а и покрај тоа што првите гласини за тренер на „црно-белите“ го назначија Брендон Роџерс, сега англиските медиуми објавија нови инфорации.

Имено, очекувањата се Роџерс да ја одбие богатата понуда од Њукасл со цел да го превземе Манчестер Сити каде „виси“ местото на Пеп Гвардиола. Шпанскиот тренер ја продолжи преродбата на „граѓаните“ и на „Етихад“ донесе десет титули, но не и онаа најважната – Лигата на Шампипните.

Договорот на Гвардиола со Манчестер Сити истекува за 18 месеци, а доколку Шпанецот не успее да стигне до најпрестижниот трофеј на „стариот континент“ раководството на клубот е подготвено да направи промена на тренерската позиција.

Во таа ситуација прв избор на Манчестер Сити е Брендон Роџерс кој со далеку „поефтиниот“ Лестер успеа да стигне до неколку трофеи во Англија.

Се вчитува...