Фудбалерот на Клуб Бриж, Антонио Нуса ќе биде ново засилување на Брентфорд, кој на белгискиот клуб ќе му плати 30 милиони евра како обештетување.
Нуса има 18 години и игра на крилната позиција. Има двојно државјанство норвешко и нигериско, а пред Бриж настапуваше за тимот од својот роден град Стабек. Сезонава забележа 28 настапи, со четири гола и три асистенции.
Брентфорд ги договори условите за трансфер со Клуб Бриж, иако за талентираниот напаѓач беа заинтересирани и лондонските ривали Челси и Тотенхем. Пред да се официјализира трансферот, Нуса ќе ги мине лекарските прегледи, а во моментов е неизвесно дали веднаш ќе замине во Англија или ќе остане на позајмица во Бриж до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА