Брентфорд го оддалечи Арсенал од титула во Премиерлигата

Арсенал испушти нови значајни бодови во битката за титула во Премиерлигата ремизирајќи со 1-1 против Брентфорд во 32. коло од Премиерлигата.

Арсенал стигна до предност во 61. минута преку Парти, но водството на домаќините траеше само до 74. минута кога Виса ја затресе мрежата на Раја за 1-1.

Ова е 12. нерешен натпревар на Арсенал оваа сезона во Премиерлигата со што заостатокот зад лидерот Ливерпул стана двоцифрен. Брентфорд со новиот бод пак се искачи на 11. позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...