Брентфорд одреди луда цена за Тони, никој нема намера да ја плати

Брентфорд нема намера лесно да се откаже од својот најдобар напаѓач, Ајван Тони, кој е суспендиран поради скандалот со обложување во кој беше вклучен, но во јануари ќе може повторно да се појави на фудбалските терени во Англија.

Тони во меѓувреме го промени менаџерот во обид да издејствува трансфер во некој поголем клуб, откако во последната година интерес за потпис со корпулентниот напаѓач покажаа лондонските тимови Арсенал и Челси, како и Манчестер Јунајтед (иако „црвените ѓаволи“ во меѓувреме го ангажираа Хојлунд).

Арсенал и Челси веќе имале првични контакти со раководството ан Брентфорд, но двата лондонски клуба останале шокирани откако дознале дека почетната цена на „аукцијата“ за Тони ќе изнесува 80 милиони фунти. Станува збор за превисока сума што ниту „топчиите“ ниту „сините“ немаат намера да ја платат во јануари, за што веќе го известиле и новиот менаџерски тим на голгетерот.

Брентфорд сака да го задржи својот најдобар стрелец до крајот на сезоната, со надеж дека тогаш во трката би се вклучиле и клубови од Саудиска Арабија, па премиерлигашот би можел да ја добие цената што ја одреди за голгетерот.

Се вчитува...