Брентфорд со рекордна продажба на дресови од Ериксен (ФОТО)

Донесувањето на Кристијан Ериксен се покажа како одличен потег на Брентфорд. Клубот се пофали со рекордна продажба на дресови со презимето на Данецот само неколку дена по објавувањето на трансферот.

Како што е познато, Брентфорд реши да му дадат шанса на Ериксен да се врати на теренот, откако беше на работ на смртта на мечот меѓу Данска и Финска на ЕП 2020, откако доби срцев удар. По овој инцидент се очекуваше играчот од средниот ред да престане да игра фудбал, но тој самиот одлучи дека е подготвен да се врати на теренот, а Брентфорд му ја исполни желбата нудејќи му договор до лето. Ова се покажа како брилијантен маркетиншки потег, клубот се пофали дека и по објавувањето на трансферот, во рок од 24 часа добиле нарачки за дресот со името на Ериксен од 21 различна земја.

Тоа беше најуспешниот ден за продажба на дресови во историјата на клубот, со 30 пати повеќе нарачки од вообичаеното во овој период од годината. Пристигнуваа нарачки од земји како Гренланд, САД и Австралија, а повеќето од Данска и Велика Британија.

 

 

 

Се вчитува...