Брентфорд во голеада до победа над Њукасл (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брентфорд славеа со 2-3 на гостувањето кај Њукасл во последниот натпревар од денешната програма од 25. коло во англиската Премиерлига.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Ботман во 24. минута. До крајот на првиот дел гостите успеаја да направат целосен пресврт. Прво Жанелт во 37. минута израмни на 1-1, а потоа феноменалниот Игор во втората минута од судиското продолжување од пенал стрелаше за 1-2.

Во вториот дел Бруно Гимараеш од пенал израмни на 2-2 во 79. минута, додека конечните 2-3 беа дело на Оутара во 85. минута.

Newcastle 2 – [3] Brentford – Dango Ouattara 85'
byu/ayoefico insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...