Фудбалерите на Челси одиграа само 2-2 на гостувањето кај Брентфорд во последниот меч од денешната програма од 4. коло од новата сезона во Премиерлигата.
Oткако во првите половина час и двата тима не покажаа ништо, домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 со голот на Кевин Шејд во 35. минута од натпреварот. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Кол Палмер во 61. минута.
До целосен пресврт избраниците на Мареска стигнаа преку Каиседо во 85. минута (1-2). И кога сите мислеа дека Челси ќе запише нови три бода израмнување (2-2) во 93. минута донесе Карваљо.
Brentford 1 – [2] Chelsea – M. Caicedo 85'
byu/West_Agent4651 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

