Брера ангажираше босански стопер

Босанскиот стопер Драган Билбија е ново име во тимот на АП Брера за пролетниот предизвик во Првата лига во земјава. 22 годишниот Билбија веќе се приклучи на тимот од Струмица. 

Билбија има играно во Радички Срем но и во родниот Приједор за тамошниот клуб Рудар а беше дел и од младинската репрезентација на Босна и Херцеговина до 19 години.

Претходно Брера се засили со Михаил Милевски, Хаџи Драме, Христијан Јанкулоски, а ги врати и Филип Михаилов и Зоран Ивановски.

 

Се вчитува...