Екипата на Брера е во потрага по нов шеф на стручниот штаб откако досегашниот тренер Панче Стојанов реши да си поднесе оставка од функцијата.
Струмичани се мачеа да состават конкурентен тим летово, Стојанов успеа да освои два бода во првите четири рунди, но реши на почетокот од оваа репрезентативна пауза да се повлече од кормилото.
„Оставката е лична бидејки неможам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига“, истакна Стојанов.
Искусниот Панче Стојанов кој е од самите почетоци на Академија Пандев сега Брера Струмица како прв тренер дојде минатата сезона во пролетниот дел. Го предводеше тимот до опстанок, а на стартот од оваа сезона оствари две ремија на гостински терен. Против Вардар 2:2 и Тиквеш 0:0.
ФК Брера му искажува голема благодарност на Стојанов кој остави голем печат со својот професионален однос во нашиот клуб. Му посакуваме со успех да продолжи да ja гради својата кариера“, објави струмичкиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

