Брера донесе двометраш од Србија како засилување за одбраната

Раководството на Брера премногу беше „тивко“ при формирање на тимот за наредната сезона, но по доаѓањето на Балдовалиев на директорската функција струмичкиот прволигаш се активираше на пазарот.

Откако беа потпишани Величковски и Макиќ, денеска Брера официјализираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со српскиот дефанзивец Лука Луковиќ.

Станува збор за 24-годишен фудбалер висок 200 сантиметри кој доаѓа од шампионатот на Малта, претходно има настапувано и во естонското првенство, додека во српската лига ги има брането боите на Смедерево, Слога Краљево, Телеоптик…

Брера во првото коло од новата сезона в понеделник ќе му гостуваат на тимот на Силекс во Кратово.

Се вчитува...