Екипата на Брера на само неколку дена пред почетокот на новата сезона се обидува да ги консолидира своите редови, и да доведе имиња кои ќе успеат да му донесат на тимот опстанок.
Така после вчерашната промоција на Никола Величковски, нов член на струмичкиот прволигаш е босанскиот интернационалец Емрах Макиќ. Макиќ доаѓа од второлигашот ОФК Градина од Сребреник. Игра во дефанзниот дел на средниот ред.
Макиќ во својата кариера има играно во Бихач, Раднички Лукавац, Горажде, а беше дел и во младинскиот тим на Сараево и Јајце.
Пред неколку дена АП Брера го постави Зоран Балдовалиев на позицијата спортски директор, кој се обидува во последен миг да донесе нови имиња за да направи конкуретен тим за нова прволигашка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

