АП Брера за пролетниот дел од сезоната се засили и со младиот Лука Георгиев кој изминатата есен настапуваше за второлигашот Осогово од Кочани.
19-годишниот Георгиев има настапувано и за младински тимови во Германија, а беше дел и од проектот на Динамо Загреб – „Животен натпревар“.
„Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејки зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите. Ќе се обидам да дадам се од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоции во Брера се позитивни пред се од приемот но и работата на стручниот штаб“ – вели младиот Георгиев кој деновиве почна да тренира со сениорите на Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

