Раководството на АП Брера веднаш најде ново решение за голманската позиција, откако Марко Алчевски си замина од струмичкиот клуб и се пресели во израелскиот Хапоел Ерусалим.
Како што веќе најавивме, изборот за негов наследник падна врз Мартин Давков од Брегалница Штип, чиј трансфер денеска и официјално беше потврден од струмичкиот прволигаш.
„Мартин Давков од Штип ќе биде член на голманскиот тандем на нашиот тим за новата сезона. Давков кој лани беше чувар на мрежата на Брегалница Штип се сели во Струмица и веќе се приклучи на сениорите во подготвителниот процес.
25 годишниот Мартин во својата кариера освен за Брегалница бранел и за Тиквеш и Пехчево. Во последната сезона за штипскиот состав бранеше во 21 натпревар. Давков добредојде и многу успех!“, објави АП Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА