Брера го промовираше и Травали од Гамбија (ФОТО)

Во пресрет на пролетниот дел од првенството, АП Брера се засили и со 23- годишниот Фодеј Травали, фудбалер кој игра во средниот ред.

Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Гамбија кој последниве пет години беше дел од европската фудбалска сцена.

Во Струмица доаѓа како слободен играч откако во есенскиот дел настапуваше за Четникаја во Кипар. Травали претходно играл во Бејкож Анадолу во Турција. Две сезони бил во Паиде и Калев во Естонија а своето европскоо деби го имал во младинскиот состав на Велје од Данска.

Се вчитува...