За продолжението од сезоната прволигашот Брера од Струмица го засили својот напад со фудбалер од африканската држава Малави.
26-годишниот Јан Коуаку денеска официјално промовиран од струмичани како ново засилување.
„Тој веќе се приклучи на тимот кој се подготвува за стартот на вториот дел од сезоната. Коуаку една сезона настапуваше во Гибралтар во прволигашот Еуропа Поинт“ – информираат од Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

