Брера: Ниту ние, ниту полицијата ги спречи навивачите на Шкендија, тие сами си заминаа

После случувањата во Струмица, откако навивачите на Шкендија го напуштија стадионот 30 минути после почетокот на натпреварот, се огласија и од Брера.

За потсетување дека фановите на Шкендија „Балисти“ обвинија дека МВР ги избркал од стадионот поради истакнување на знаме на Албанија.

„Во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран на 25 август помеѓу Брера Струмица и Шкендија и обидот да некој ја вмеша политиката таму каде не и е местото, сакаме да ја информираме јавноста во име на вистината дека малата група на симпатизери на ФК Шкендија не повеќе од 25, не беа избркани од стадионот, ни од полицијата, ниту од ФК Брера Струмица како домаќин. Напротив навивачите по нивна одлука сами го напуштија стадионот. Напоменуваме дека ФК Брера Струмица секогаш е пример за одличен домаќин на сите екипи и навивачки групи без разлика на етничка припадност. Политиката нема место на спортските терени, а тие што сакаат етнички поделби подалеку од фудбалот“, велат од Брера.

Се вчитува...