АП Брера натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига против екипата на Македонија ЃП престојниов викенд ќе го игра на стадионот во Турново.
Како што информираат од струмичкиот прволигаш натпреварот ќе биде со слободен влез за сите љубители на фудблот.
„Стадионот ќе биде во ново руво со оглед дека се прават одредени инвестициски зафати. Трибините се целосно адаптирани и уредени со цел прием и подобар комфор на посетителите за следење на натпреварот на Брера против Македонија ЃП во Турново. На источната трибина ќе има и освежување. Адаптиран е паркинг простор за влез на стадионот на кој може да се пристапи од двете страни за следење на мечот“ – информираат од АП Брера.
Натпреварот од 20. коло во ПМФЛ меѓу Брера и Македонија ЃП се игра во недела (25. февруари) со почеток од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

