Во пресрет на вториот дел од првенството, тимот на АП Брера се засили со Михаил Милевски млад перспективен фудбалер кој може да покрива повеќе позиции на средината од теренот но и во дефанзивната линија. Станува збор за 22 годишен фудбалер по потекло од Битола, а во струмичкиот тим доаѓа од второлигашот Новаци.
Во својата кариера младиот Михаил Милевски освен за Новаци има настапувано и за екипата на Охрид, хрватскиот Младост Клоштар Подравски, битолски Пелистер, Кит Го Пехчево.
АП Брера ова зима загуби голем дел од играчкиот кадар, откако неколку клучни играчи си заминаа, а си замина и тренерот Горазд Михаилов, по што ќе биде интересно да се види како ќе функционира екипата во вториот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

