Брера се засили со „шпански Македонец“ и со Колумбиец

Самуел Наков и Јорк Бецера се промовирани за нови имиња на струмичкиот прволигаш Брера. Станува збор за играчи за врска, кои ќе треба да ја зголемат конкуренцијата во струмичкиот тим.

Самуел Наков Фуентес потекнува од младинските погони на шпански Рода каде бил и член а во својата кариера има настапувано и за АО Ханиотис од Грција. Тој игра во средниот ред но и во нападот и поседува одлични перформанси.
Јорк Бецера е дефанзивен играч за врска, кој доаѓа од тимот на Реал Картагена од Колумбија.

Се вчитува...