Прв пораз на Струга ТЛ во првенството на Македонија, откако денеска сензационално загуби од АП Брера на домашен терен со 2-4. Со тоа Вардар останува единствената непоразена екипа, и така ќе биде најмалку до понеделник, кога „црвено-црните“ го играат мечот против Шкендија.
Малкумина кој очекуваа ваков резултат, па дури и самите стружани. Ндзенгуе беше нерешлива енигма за одбраната на Струга ТЛ, кој постигна два гола.
Наумчески и Стојанов за само седум минути ја „шокираа“ Струга, и во тие мигови гостите имаа предност од 0-2. Зенку по една добра акција и одличен удар намали на 1-2, а потоа Ндзенгуе ја надмудри збунетата дефанзива на домашните за 1-3. Сепак, Бојку врати со прекрасен гол и намали.
Во вториот дел Струга ТЛ нападна за да дојде до израмнување. Струмичката одбрана беше на висината на задачата, а потоа повторно Ндзенгуе се прошета низ одбраната на тимот на Шкемби, и погоди во мрежата на Николоски за конечни 2-4. Овојпат Струга не успеа да се врати, и на крај мораше да му честита на противникот.
На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје немаше голови ниту победник на дуелот Работнички – Македонија ЃП. Резултат сосема реален ако се има во предвид дека двата тима одиграа еден тврд натпревар, со малку идеја во нападот и малку прилики за погодок. Најдобрата шанса за гол ја имаше Работнички во првиот дел преку Трајков, но од самата гол линија вадеше Кабаркас.
ПМФЛ, РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО
ДЕНЕСКА:
СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 2-4
Зенку 11′, Бојку 45′ – Наумчески 3′, Стојанов 7′, Ндзенгуе 21′, 61′
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
ВЧЕРА:
ТИКВЕШ – АРСИМИ 3-4
БАШКИМИ – ШКУПИ 4-1
НЕДЕЛА, 26.10:
Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (13:30 ч.)
ПОНЕДЕЛНИК, 27.10:
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (13:30 ч.)
ТАБЕЛА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

