Брера со огромни три бода се враќа од Куманово

Брера направи џиновски скок на петтата позиција на прволигашката табела откако струмичани попладнево како гости го изненадија Башкими, славејќи со 0-2.

Струмичкиот прволигаш игра одлично во последно време, успевајќи експресно да го остави зад себе изненадувачкиот пораз на домашен терен од Работнички минатата рунда и да стигне до посакуваните бодови против Башкими.

Клучен момент на натпреварот беше 44. минута, кога Ивановски по еден контранапад одлично се снајде и на асистенција на Тодоров го совлада домашниот голман. Кумановци беа принудени да се отворат и да тргнат на се или ништо, а Брера го искористи тоа и во судиското продолжение постигна и втор гол, преку Величковски во 93. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...