Екипата на Брера успеа да слави победа на домашен терен против Арсими, откако се врати од негатива и со два гола дојде до вториот триумф сезонава. На крајот од првиот и на почетокот од вториот дел, струмичани стигнаа до посакуваните три бода.
Ревијата на промашувања во првиот дел ја почнаа гостите преку Бешагиќ, кој со глава се обиде, но само над голот. Во 28. минута неверојатна шанса за Шефити, кој излезе сам пред голот на Вргов, топката беше пред него, можеше да бира каде ќе шутира, а тој одбра да ја испрати само над голот.
Казната можеше да стигне минута подоцна откако Кире Стојанов се најде во одлична шанса, но од само 3-4 метри наместо во празниот гол со гради го погоди само надворешниот дел од мрежата.
Во 34. минута предност за Арсими. Бешагиќ откако доби топка одкосо од лево успеа да го совлада Вргов за предност. Сепак, Брера стигна до израмнување во финишот, откако Наумчески се снајде најдобро во шеснаесетникот, и погоди во мрежата на Исљами.
На стартот од вториот дел Тодоров се проби до 20 метри, и со левата нога го совлада Исљами за предност на Брера.
Во 67. минута Бешагиќ имаше прекрасна шанса за израмнување, ама неговиот обид со глава заврши само крај голот, иако беше осамен пред голот на Вргов. Шефити имаше супер шанса во 78. минута, меѓутоа не успеа да го совлада Вргов, односно неговиот удар заврши само крај голот. Матески во следната минута со нова прилика, удар од 12-13 метри, само над пречката.
ПМФЛ, 7. КОЛО
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-3
Хрвановиќ 41′ – Компаоре 8′, Хамза 33′, Зенку 90’+1
БРЕРА – АРСИМИ 2-1
Наумчески 45′, Тодоров 59′ – Бешагиќ 34′
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ (вторник, 23.09 – 15:30 ч.)
ТАБЕЛА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

