Фудбалерите на АП Брера со пресврт дојдоа до победа против Работнички од 2-1 во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Работнички имаше водство од 0-1 на гостувањето против АП Брера на дуелот кој се одигра во Турново, но тоа беше се што направи составот на Гоце Седлоски кој со четврти едноподруго пораз сега веќе под сериозна закана го става опстанокот во елитното друштво. „Романтичарите“ до крајот не сезоната ќе ги чека тешка битка за останува во Првата лига.
А, Работничк до водство дојде од пенал, со голот на Мазари во 15. минута од натпреварот.
Но, во 32. минута стрелаше Стамениќ кај струмичани за израмнување на 1-1.
Конечната пресврт-победа за АП Брера ја донесе Олаосебикан со убав гол во 74. минута од натпреварот за 2-1.
ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО
Турново: АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 2-1
Стамениќ 32′, Олаосебикан 74′ – Мазари 15′(п)
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 4-1
Крстевски 7′, Адеми 18′, Шаља 56′, Аганспахиќ 89′ – Селмани 78′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ 3-1
Ибраими 56′(п), 80′, Хоган 60′ – Марушиќ 63′
Гостивар: ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-4
Кехинде 30′(п) – Велкоски 14′(п), Стоилов 43′, Балотели 57′, Величковски 90’+4
ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА