Фудбалерите на Брера Струмица викендов ја заокружуваат првата фаза од подготовките за новата првенствена сезона, по што од понеделник се селат во Банско, Бугарија, каде ќе се темпира формата преку контролни пријателски натпревари.
Според програмата, во Банско се останува до 22. јули каде се договорени и четири пријателски натпревари.
„На 12. јули, нашиот тим предовден од италијанскиот стратег Валенти ќе се соочи со Стеауа Букурешт од Романија. Пет дена подоцна силите ќе ги одмериме со Теута од Драч, Албанија. Според планот на 21. јули играме со репрезентативниот состав на Киргистан кој исто така е на подготовки во Банско, а втората фаза ја завршуваме со пријателски натпревар со Алтин Асир од Туркменистан кој е закажан на 22. јули“ – информираат од Брера Струмица.
Третата фаза до стартот на новата првенствена сезона ќе биде одработена во Струмица кога е планирана и „генералката“ пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА