Очигледно гостинско коло во Првата македонска фудбалска лига, ако се суди според првите 45 минути одиграни, низ кои гостите водат на четири натпревари, еден дуел е без голови во Кавадарци, а домашна предност, и тоа убедлива од 4-0 има само Шкендија против Воска Спорт.
Шкупи има водство од 0-1 на гостувањето против Струга ТЛ во дербито на 6. коло во ПМФЛ.
Чаирчани дојдоа до предност уште во 5.минута од средбата со голот на Тамба Фабрис.
Гостивар, пак, го шокираше Силекс во Кратово и води со 0-1. Одличен погодок постигна Огузхан во 15. минута за водство на гостиварци.
И АП Брера го изненади Работнички на натпреварот на „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите од Струмица, под водство на Горазд Михаилов, водат со 0-1 по првото полувреме.
Убав погодок постигна Ристовски во 26. минута од средбата.
Пелистер на дуелот во Гостивар води со 0-2 благодарение на два феноменалниот погодоци.
Најпрво Керим уште во 9. минута мајсторски изведе слободен удар откосо од десната страна од околу 20 метри, лобувајќи го домашниот голман…
Во 27. минута вистинска „бомба“ од 25 метри испрати и капитенот Мирко Ивановски кој го донесе својот тим до предност и од 0-2.
Шкендија оправдувајќи ја фаворитската улога тотално ја „торпедираше“ Воска Спорт со 4-0 по првото полувреме. Стрелци на головите за тетовци беа Адеми, Бесарт Ибраими, Крстевски и Адили.
Единствено на дуелот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар нема голови по првото полувреме.
РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 0-1
Ристовски 26′
Гостивар: БЕСА – ПЕЛИСТЕР 0-2
Керим 9′, Ивановски 27′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 4-0
Адеми 19′, Ибраими 30′, Крстевски 34′, Адили 45’+1
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВАРДАР 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-1
Огузхан 15′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-1
Фабрис Тамба 5′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА