Фудбалскиот клуб Бреша е исфрлен од Серија Ц и го загуби професионалниот статус, соопшти Италијанската фудбалска федерација.
Како што е соопштено, Бреша не доби лиценца за натпреварување во Серија Ц, третото ниво на италијанскиот фудбал, поради наталожени финансиски проблеми.
Во претходниот шампионат во Серија Б, Бреша имаше место на табелата кое гарантираше плеј-аут за опстанок, но по одземањето на четири бода испадна, а Сампдорија доби шанса да спаси, што ја искористи.
Бреша е основана во 1911 година и помина вкупно 23 сезони играјќи во Серија А, од која последен пат испадна на крајот од сезоната 2019/20.
За Бреша играа големи фудбалски имиња како Роберто Баџо, Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Лука Тони, Сандро Тонали и Марио Балотели.
Доколку Бреша продолжи да функционира како клуб, следната сезона ќе мора да игра во Серија Д, четвртиот степен на италијанскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

