Бреслиева донесе бронза за Македонија на младинското ЕП во Карате

Македонската каратистка Душица Бреслиева освои бронзен медал на Европското првенство за младинци што се одржува во Биелско Биала, Полска.

Нашата репрезентативка прикажа одличен настап во категоријата до 54 килограми, каде беше слободна во првото коло, но потоа забележа уште две победи и стигна до полуфиналето. Таму Бреслиева по голема борба загуби од Украинката Софија Халиевска со 2-3, по што Македонката преку репасаж мораше да се бори за бронза.

Душица блесна токму во тие борби, за на крајот со победата над Мерием Тунчај од Турција да се закити со бронзеното одличје на овој континентален собир.

Се вчитува...