Продолжува лошата серија на Олимпик Марсеј во францускиот шампионат. Гигантот четири меча не знае за победа, откако вечерва беше поразен од тимот на Брест. Не помогна ниту тренерската смена, тимот продолжува по старо, со што тимот е отпишан од трката за титулата, а сега под голем знак прашалник е и излезот во Лигата на шампионите.
Ажорк беше херој на домашниот тим, откако постигна два гола и тоа во рок од само 19 минути. Првиот гол во 10. минута откако со глава го совлада Рули.
Во 29. минута исто така со глава успеа да го зголеми резултатот. Катастрофата на Марсеј можеше да биде поголема, затоа што до полувремето Брест имаше уште три добри шанси, од кои во една ја погоди и пречката.
Во вториот дел Марсеј беше подобар, и имаше две шанси да се врати во мечот. Згора на тоа во 83. минута Гринвуд промаши и пенал, па така пропадна и последната шанса на гостите да направат „кам-бек“ и да избегнат пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

