Брест Мешков, подобар од Загреб, ја освои бронзата во СЕХА лигата

ЕКИПА во Брест, Белорусија

Томас Ѓорѓиевски

Во мечот за третото место во СЕХА лигата, домаќинот Мешков Брест триумфираше со 23-19 (14-10) над ППД Загреб освојувајќи ја на крајот бронзата во регионалното натпреварување.

Пред полната арена „Викторија“, Мешков беше пресилен за Загреб, а избраниците на Бебешко подпомогнати од публиката заслужено стигнаа до триумф.

На почетокот на мечот повеќе видовме жолти картони отколку голови. Во првите десетина минути тимот на Загреб постигна само два гола, додека Мешков Брест направи разлика од четири погодоци која домаќините ја градеа во текот на целото полувреме. Потоа се играше гол за гол, но реализацијата не беше според очекуваното. До 23. минута загрепчани постигнаа само шест гола, а Џамали го постигна третиот гол во првиот дел за најголемо водство од 10-6 за домаќинот. До крајот на првите 30 минути Пешиќ се разбрани и го ограничи Загреб на само 10 гола, а Стојковиќ ги постави конечните 14-10 во корист на Мешков.

Хрватскиот претставник на почетокот на второто полувреме успеа да ја намали разликата на два гола, се до 45. минута кога по два нереализирани напади на Загреб, Мешков повторно ја врати предноста од четири гола, за 20-16. Домашната екипа во континуитет ја одржуваше предноста се до завршните минути, па мечот го однесе во крај без многу изненадувања. Погодокот на Марковиќ во 58. минута го прекина постот по цели пет минути без гол на двете страни, а Астарушка во последниот напад за Мешков ги постави конечните 32-19.

За Мешков Брест најрасположени беа Стојковиќ со четири гола, додека Вукиќ, Џамали и Криштопанс постигнаа по три гола. Импресивен настап имаше голманот Иван Пешиќ кој забележа 13 одбрани. За тимот на Загреб Хорват и Марковиќ имаа по пет гола, додека Мандалиниќ и Валчиќ завршија со по три погодоци.

   

Се вчитува...