Салцбург на домашен терен доживеа целосно фијаско во дуелто со Брест (0-4), и со тоа го запиша и вториот пораз во Лигата на шампионите. Францускиот тим, пак, ја оствари и втората победа во најелитното европско натпреварување, откако во првото коло го совлада и тимот на Штурм Грац.
И покрај тоа што Салцбург напаѓаше во текот на целиот меч, своите шанси ги искористија гостите. Сима во 24. минута му донесе предност на францускиот тим, а во вториот дел наместо израмнување, уште три гола во домашната мрежа.
Во 66. минута Камара постигна гол за 0-2, потоа Сима зголеми и на 0-3, а Лаге во 75 минута ги постави конечните 0-4.
Сите на стадионот во Штутгарт во Германија, очекуваа победа на домашните во дуелот со Спарта Прага, особено што германскиот тим пружи одлична партија на гостувањето кај Реал Мадрид. Но, чешкиот тим со голем бод и резултат 1-1 се враќа од ова тешко гостување, освојувајќи го четвртиот бод во ЛШ.
Почна одлично за Штутгарт, Милиот уште во 7 минута донесе предност и се чинеше дека Германците тргнаа кон триумфот. Но, Каиринен од слободен удар мајсторски го совлада Нибел, и му донесе бод на тимот од Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА