Брест се искачи на втората позиција на табелата во француското првенство откако во 22. коло славеше на домашен терен против Марсеј со 1-0 и покрај тоа што одигра нешто повеќе од половина час со играч помалку.
Домаќините останаа со играч помалку во 60. минута откако директен црвен картон доби Стив Муние, но и покрај тоа пред самиот крај на средбата успеаја да слават победа благодарение на победоносниот гол на Пјер Лис-Мелу кој во 89. минута ја затресе мрежата.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА