Ракометната репрезентација на Македонија денеска против Русија го игра вториот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Египет. Селекторот на Македонија, Данило Брестовац вели дека доколку на Русите им биде дозволено да играат груб ракомет, Македонија сигурно ќе загуби.
„Откако го прегледав натпреварот со Словенија, не бев задоволен од некои судиски одлуки. Судиите немаа ист критериум особено во играта на пикерите. А, нашата игра се темели токму на нивната игра. Истото беше со Шведска, а особено беше така со Словенија. Не гледаат како помлада екипа и затоа нема изедначен критериум. И самите ракометари се свесни дека ќе не тепаат и Русија и Белорусија, мора да го прифатиме фактот дека се физички подобри од нас. Пак ќе речам, клучно ќе биде каков критериум ќе постават судиите. Ако им дозволат да не тепаат, ќе загубиме многу лесно“, изјави Брестовац.
Натпреварот кој ќе се игра во Каиро е закажан за 15:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА