Данило Брестовац имаше причина за задоволство откако Македонија славеше на дуелот со Чиле, обезбедувајќи пласман во главната фаза од СП 2021.
Македонскиот селектор како клуч за победата го потенцираше напредокот во играта во одбрана во второто полувреме, кога беше скршен отирот на противникот.
„Сакам да им честитам на моите играчи за ова издание, за добрата игра и за победата. Средбите со Египет и со Шведка беа добра подготовка за денешниот натпревр. Беше полесно кога ги отстранивме грешките во одбраната, во второто полувреме го сторивме токму тоа и си го трасиравме патот до посакуваната победа“, истакна Брестовац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА