Брестовац е нов член на Е.Пелистер

Младиот 20-годишен голман Давид Брестовац, е нов член на екипата на Еурофарм Пелистер, соопшти клубот од Битола.
Брестовац потпиша две и пол годишен договор со актуелниот првак. Тој има искуство на меѓународната сцена, откако беше дел од Котбус и Волф Вирцбург. Исто така беше дел и од младинската репрезентација на Македонија.
Од клубот соопштија дека неговото претставување ќе се случи во следните неколку дена, кога младиот ракометар ќе пристигне во Битола.

Се вчитува...