Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац е назначен за нов тренер на македонскиот суперлигаш Тиквеш.
Тиквеш остана без тренерот Горан Андоновски кој се врати во Охрид, а на негово место пристигна Данило Брестовац. Поранешниот македонски селектор имаше успешна авантура во Саудиска Арабија.
Околу еден месец траеја преговорите меѓи кавадарчни и Брестовац, за конечено, денеска, кавадаречкиот клуб да објави дека Брестовац е нивни тренер.
Доаѓањето на Брестовац во Кавадрци, значи и дека Тиквеш годинава ќе доведе засилувања и ќе има и играчки посилен и поамбициозен тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА