Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот за ЕХФ неделата. На списокот се повикани 20 ракометари, плус четири замени. На него покрај Борко Ристовски кој не беше дел ниту од на квалификациските дуели со Финска и Швајцарија, го нема и „вардарецот“, Стојанче Стоилов, како и Дејан Манасков од Веспрем.
Собирот е закажан за 03. јануари 2021 година во хотелот „Александар Палас“ во 12 часот.
ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија. За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА