Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, го состави списокот од 20 ракометари на чии услуги ќе смета за време на СП во Египет. Голем дел од оние кои настапија на пријателскиот двомеч со Чиле се дел од овој список, заедно со капитенот Лазаров и со пивотот Стојанче Стоилов.
Никола Митревски ќе ја има улогата на прв голман, а шанса од клупата на оваа позиција ќе бараат Мартин Томовски и Никола Даниловски.
Мало изненадување е што во составот го нема левото крило на Еурофарм Пелистер, Маџовски, но тој заработил скршеница на прстот и ќе мора да паузира најмалку еден месец. На негово место е повикан Димитар Димитриоски од Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА