ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац вели дека младите во инднина ќе мора да земаат поголема одговорност.
„Закочивме во комбинаторика, мораше на крај Киро да решава. Младите мора да повлечат во вакви моменти и да не бегаат од одговорност. Во одбраната станавме кршливи, беше тешко да се игра против нивните 7 на 6. Сепак, момците изгинаа секоја чест и морам да кажам Кире е голем“, изјави Брестовац.
Македонија во следното коло игра против Чешка која денеска загуби од Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА