Низ кратката анализа по вчерашниот убедлив пораз од Русија на СП 2021 во Египет, македонскиот селектор Данило Брестовац вели дека Филип Кузмановски треба во иднина да биде новиот лидер на националниот тим.
„Ако ги анализираме сите досегашни натпревари се гледа како одредени ракометари веќе се наметнуваат како идни столбови на репрезентацијата. Кузмановски покажува дека треба да биде новиот лидер, да го заземе местото на Кире по заминувањето. Од останатите може да го издвојам и Костески, го добиваме како стандарден репрезентативец. Има и други играчи кои играат променливо, кај голманите и пивотмените сме супер. Митревски и Томовски се навистина одличен тандем, да не ги заборавиме Даниловски и Кизиќ, а тука е младиот Петковски“ – вели Брестовац, притоа дополнувајќи:
„Јасно е дека во иднина треба да ја градиме оваа селекција. Сега резултатите не се во преден план, но искуството од ова натпреварување е значајно за овие млади ракометари. Не ми се допаѓа пристапот кој го имаме кон натпреварите, но мора да бидеме малку трпеливи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА