Брестовац менува – шанса за Серафимов

Селекторот Данило Брестовац се реши да направи една измена во составот за денешниот дуел со Словенија, во однос на ракометарите кои забележаа триумф на натпреварот против Чиле.

Левото крило Цветан Кузманоски поради повреда нема да може да настапи на оваа средба, а на негово место Брестовац го вклучи во тимот Мартин Серафимов, кој не беше дел од протоколот во првата фаза од мундијалот. Добра вест е што Танкоски се рехабилитираше од повредата на дуелот со Чиле, па ќе може да помогне денеска против Словенците.

Ова практично значи дека Македонија ќе го одигра натпреварот со само едно лево крило, Димитар Димитриоски, но со засилена конкуренција на позицијата десен бек, каде покрај капитенот Кире Лазаров на списокот се наоѓаат уште и Серафимов и Велковски.

Се вчитува...