По двата стартни порази во СЕХА – лигата, Металург против Нексе ја бара шансата за воведна победа во регионалното натпреварување. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, утре тимот на Данило Брестовац се соочува со хрватскиот противник.
„Се надевам дека ќе имаме сили, и поддржани од навивачите ќе дојдеме до успех. Ова ќе биде прв натпревар за нас на домашен терен. Забележавме два порази, од Вардар и од Мешков Брест, имавме добри моменти, а и многу промашивме. Сега сме насочени кон следниот меч и се надеваме дека ќе имаме добро издание“, изјави Брестовац.
Пикерот Милан Лазаревски со респект зборува за Нексе.
„Нексе не е екипа на потценување. Го совладаа ППД Загреб, тие имаат квалитетни ракометари, иако не располагаат со огромен клупски буџет. Но, се надеваме на успех со поддршка од публиката“, истакна Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА