Брестовац: Одиме полека, но сонуваме за висок дострел

Македонската репрезентација од утре влегува во предизвиците на светското кадетско првенство кое во следните две седмици ќе се одржува во Скопје. Тимот кој го предводи Данило Брестовац има амбиција да стигне до што повеќе победи во прелиминарниот сегмент, а преку тоа и до повисок пласман на првенството . Прв противник на македонскиот состав е селекцијата на Аргентина.

„Секој член на селекцијата со нетрпение го очекува почетокот на Светското првенство. По обемните подготовки секој од ракометарите е максимално подготвен да придонесе  со својот индивидуален квалитет.За почеток не интересира само Аргентина и прва победа , одиме чекор по цекор и сонуваме за висок дострел“ – вели во пресрет на првеснтвото селекторот, Брестовац.

Покрај македонската и тимот на Аргентина во оваа група се и репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија и Нигерија. За да продолжи во нокаут-фазата, односно во осимнафиналето, македонската репрезентација ќе треба да биде меѓу првите четити во прелиминарната група.

 

Сала: „Борис Трајковски“

ГРУПА „Ц“
16:30  Данска – Јапонија
18:30  Бахреин – Нигерија
20:30  МАКЕДОНИЈА – АРГЕНТИНА

Се вчитува...